Објавени првите резултати од проектот “Мојот пратеник”
Со пратениците од својата изборна единица не контактирале 80,7% испитаници
Граѓанската асоцијација МОСТ го објави и презентира изданието “Мојот пратеник”, во кое се опфатени резултатите од првата фаза на истоимениот проект. Во него се содржани податоци за работата на пратениците во Собранието на Република Македонија во периодот февруари-август 2007 година, а истите и официјални се добиени од собраниските служби.
Доделени грантови
Справување со корупцијата
Асоцијацијата за демократски иницијативи - АДИ од Гостивар на 26 окотмври на три граѓански организации и на една неформална група на граѓани од Дебар и од Гостивар им додели 13 илјади американски долари за спроведување проекти од областа на борбата против корупцијата.
По повод Светскиот ден против трговијата со луѓе
Граѓанските организации побараа спроведување на меѓународните обврски
Во рамките на одбележувањето на 18 октомври - Светскиот ден против трговијата со луѓе, ГО Отворена порта - Ла страда, заедно со Интернационалната мрежа Ла страда, достави изјава до Владата на Република Македонија, во која стои: „Ја поздравуваме иницијативата за европски ден против трговијата со луѓе и го поддржуваме повикот за акција од страна на Европската комисија.
ФИООМ
Месец на отвореното општество
Годинава, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) одбележува 15 години од своето основање и работење. Својот јубилеј ФИООМ ќе го прослави работно, со организирање низа настани во текот на „месецот на отвореното општество”, ноември 2007 година.
Трибина во Дебар
“Потрошувачите низ правните лавиринти” во Дебар
Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со локалната самоуправа во Дебар, во просториите на Центарот за поддршка на невладините организации, одржа трибина на темата „Потрошувачите низ правните лавиринти”.
Септемвриски резултати
“Транспарентност Македонија” бара да се зајакне борбата против урбаната мафија
Граѓанската организација „Транспарентност Македонија” на прес-конференција ги објави септемвриските резулта­ти за оваа година, поврзани со борбата против корупцијата и криминалот, како и состојбата на транспарентноста во општеството.
Хуманост
Кумановец ја отстапува својата куќа на социјални случаи
Кумановецот Борко Николовски е хуман граѓанин, кој куќата, што заеднички, со двајцата браќа, ја наследија од родителите, им ја дава на заинтересирани лица корисници на социјална помош, без каков било финансиски надомест