По повод Светскиот ден против трговијата со луѓе
Граѓанските организации побараа спроведување на меѓународните обврски
Во рамките на одбележувањето на 18 октомври - Светскиот ден против трговијата со луѓе, ГО Отворена порта - Ла страда, заедно со Интернационалната мрежа Ла страда, достави изјава до Владата на Република Македонија, во која стои: „Ја поздравуваме иницијативата за европски ден против трговијата со луѓе и го поддржуваме повикот за акција од страна на Европската комисија.
Време е за акција по изработката на меѓународни договори и резолуции, организирање конференции и сослушувањата и изготвувањето на акциски планови. Време е да се започне со спроведувањето на мерките кои ќе ги запрат прекршувањата на човековите права, кои се резултат и причина за трговијата со луѓе”. Според граѓанските меѓународни и регионални организации, потписници - Амнести интернешнал, Канцеларија за ЕУ, ЦЦМЕ - Црковна комисија за мигрантите во Европа, ЕЦПАТ интернешнал, Глобалната алијанса против трговијата со жени, Меѓународна федерација Тере дес хомес, ИСЦОС-Цисл (ИСЦОС-Цисл), Ла страда интернешнел, План Еуропе (План Еуропе), Спасете ги децата (Саве тхе цхилдрен), Европската групација, потребно е применување, спроведување и надгледување на меѓународните обврски.
МИА
|