Проект на Младинската алијанса Тетово и на ОХО
Во Тетово отворени канцеларии за борба против корупцијата
Невладината организација Младинска алијанса од Тетово, во соработка со граѓанската организација ОХО – Скопје, на 17 декември во Тетово го претстави новиот проект за борба против корупцијата.
Конференција
Зајакнување на граѓанското општество во Македонија
Претставници на граѓанските организации и на Владата, на почетокот од декември, во Скопје, учествуваа на конференцијата „Учество на граѓаните и граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување одлуки” и се согласија дека има потреба за поголемо и посуштинско учество на јавноста и граѓанскиот сектор во процесите на креирање на политиките и донесување одлуки.
Резултати на коалицијата “Сите за правично судење”
Корупцијата најголема во граничните места
Коалицијата „Сите за правично судење” ги претстави резултатите од проектот „Процена на потребата за развој на програмата за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во Република Македонија”, спроведен во соработка со „Нулта корупција - Транспарентност”, а финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Македонија.
Јавна дебата
Правата на немнозинските етнички заедници во Дебар и во Центар Жупа
„Состојбата со заштитата на правата на немнозинските етнички заедници во Дебар и во Центар Жупа” беше тема на јавната дебата што на 4 декември се одржа во Дебар. Дебатата се организира во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита”, финансиран од Европската комисија и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Фондација за развој на Локалната заедница - Штип
Воведување на концептот Фондација на заедницата
Фондацијата за развој на Локалната заедница – Штип, преку својата програма за филантропија, започна со реализацијата на проектот „Воведување на концептот Фондација на заедницата”.
Кампања против дискриминацијата
Еден до друг – различни, а еднакви
На 9 декември 2007 година, во Европската година на еднакви можности за сите, пред 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, повеќе граѓански организации одржаа прес-конференција на која беше промовирана заедничката иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви”.
Лобирање
Владата го уредува лобирањето со закон
„Лобирањето се врши на доброволна основа со писмен договор меѓу вршителот и нарачателот на лобирањето кој може да биде физичко или правно лице со интерес за лобирање пред власта” – стои, меѓу другото, во дел од одредбите во предлогот за донесување закон за лобирање, со кој Владата се обидува да ги утврди правилата во оваа сфера, која се одвива без одредена законска рамка, со цел, меѓу другото, и да се отстранат сомневањата за затвореноста и коруптивноста на професијата.