Лобирање

Владата го уредува лобирањето со закон

„Лобирањето се врши на доброволна основа со писмен договор меѓу вршителот и нарачателот на лобирањето кој може да биде физичко или правно лице со интерес за лобирање пред власта” – стои, меѓу другото, во дел од одредбите во предлогот за донесување закон за лобирање, со кој Владата се обидува да ги утврди правилата во оваа сфера, која се одвива без одредена законска рамка, со цел, меѓу другото, и да се отстранат сомневањата за затвореноста и коруптивноста на професијата.

Лобистите, според предлогот, би требало да се регистрираат со име и презиме за физички лица или назив на правното лице. Регистрацијата би траела една година, а ќе ја издава Генералниот секретаријат на државата, со можност истата неограничено да се обновува.

За лобирање?нема да се сметаат активности на лицата повикани да учествуваат во подготвката на објаснување и спроведување на законите и прописите, без оглед дали за тоа добиле паричен надоместок или не, како и?активностите на здруженијата на граѓаните, доколку ги вршат без надомест.

К. Б.