Евроинтеграцијата во работата на дел од граѓанските организации
Пат кој се трасира со информации, но без меѓусебна координацијаЕвропското движење во Република Македонија (ЕДРМ) кое годинава ја доби наградата на МЦМС за граѓанско општество и демократија за постигнување во претходната година “Херт Јан ван Апелдорн” е основано во 1991 година, од 1992 година е официјална членка на Меѓународното европско движење во Брисел, а од 1993 година го има статусот на полноправна членка. Денес, во процесот на зголемување на бројот на граѓанските организации во Македонија кои работат на полето на евроинтеграциите, неговото искуство е од голема полза. |  |
|