|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Тирана
Отворен центар против трговија со луѓе
Жртвите на трговија со луѓе ќе може да најдат заштита и помош во новиот центар против трговијата со луѓе во Тирана, Албанија. Центарот се обврзаа да го одржуваат Министерството за социјална работа и Министерството за јавен ред, во соработка со Интернационалната организација за миграции (ИОМ). Трите инситуции неодамна потпишаа договор со кој се дефинираат нивните надлежности.
Жените и девојчињата што биле натерани да се проституираат во Албанија или биле репатрирани од други земји ќе можат да останат во Центарот во период со траење од една недела до три месеци. Неговите две згради имаат капацитет да се сместат до 100 лица. Покрај нудењето нега и услуги, Центарот треба да работи на повторно поврзување на бившите робинки со нивните семејства или на нивно враќање во земјите од кои дошле. Се предвидуваат и јавни кампањи за подигање на свеста за трговијата со луѓе. Одделот на ИОМ што работи во Албанија неодамна организира медиумска кампања, која опфаќаше песна и видеоспот, со кои сакаа да ги направат луѓето свесни за ризиците и маките. ИОМ исто така нуди помош на жртвите.
Г.Ш. |
|
|
|
УНДП
Примена на Законот за родова еднаквост во БиХУНДП ќе поддржи примена на Законот за родова еднаквост во Босна и Херцеговина – „Развој на капацитет и партнерство помеѓу владите и граѓанското општество за родова еднаквост“. Крајната цел на овој проект е заштита и промоција на родовата еднаквост и придонес во развитокот на земјата врз база на човековите права. |  |
Тирана
Отворен центар против трговија со луѓеЖртвите на трговија со луѓе ќе може да најдат заштита и помош во новиот центар против трговијата со луѓе во Тирана, Албанија. Центарот се обврзаа да го одржуваат Министерството за социјална работа и Министерството за јавен ред, во соработка со Интернационалната организација за миграции (ИОМ). Трите инситуции неодамна потпишаа договор со кој се дефинираат нивните надлежности. |  |
| |
„YOUTH NET SEED-MONEY“
Младинска прекугранична соработкаОрганизацијата „YouthNETseed-money“ распиша конкурс за младински проекти. Погодни активности за финансирање од страна на „YouthNETseed-money“ се прекуграничните/прекуетнички активности како би, три или мултилатерални размени, младински или училишни размени. Подготвителни средби за прекуграничните активности можат исто така да се финансираат. |  |
|
|