Во организација на ОБСЕ
Во Маврово одржан младински зимски камп
Шеесет средношколци од различно етничко потекло имаа можност да се социјализираат и да научат нешто повеќе за доброто владеење, како и за прашања поврзани со економијата и заштитата на животната средина, на зимскиот камп во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, кој се одржа во Маврово. Активностите ги иницира локалната граѓанска организација Младински образовен форум, а ги финансира Високиот комесар на ОБСЕ за малцински прашања.
„Кампот им овозможи на учесниците да развијат нови погледи за живеењето во мултиетнички општества, а ќе го зајакне нивниот капацитет да можат да придонесат во градењето одржливи и мирни модерни општества”, рече Бернар Сегара, шеф на Одделот за градење доверба при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Претседателот на Младинскиот образовен форум, Бојан Маркиќ, рече дека кампот не придонесе само за отворање на прашањата за сегрегацијата меѓу младите луѓе, туку исто така им даде и можност тие активно да учествуваат во обликувањето на нивната иднина.
МИА
|
|