даноци
Петиција на хрватските НВО против ДДВ
Околу 120 невладини организации од Хрватска, во текот на мај потпишаа петиција против нивното подредување во составот даночните обврзници кои треба да плаќаат ДДВ. Петицијата е упатена до Владата на Република Хрватска, а во неа се бара укинување на обврската за плаќање ДДВ од страна на непрофитните организации и институции. По повеќе од три години, од одлуката на минатата влада за ослободување од обврзувачко плаќање, новата влада донесе одлука за повторна обврска на невладиниот сектор за плаќање ДДВ. Невладиниот сектор бара од министерот за финансии да ја повлече одлуката за оптоварување на граѓанското општество со плаќање ДДВ на странските донации.
Г.Ш.
|