Осма по ред недела на ФАРЕ во Свети Николе
Со фудбал против расизмот во Европа
Годинешната, осма по ред акциска недела на мрежата ФАРЕ, реализирана во 37 европски земји, од 17 до 30 октомври се одржа и во Свети Николе, под мотото “Со фудбал против расизмот во Европа”. Организатор на турнирот во мал фудбал беше Организацијата на жените на општината Свети Николе (младинскиот центар “Вавилон”, кој е дел од нејзината младинска програма). Финалето на турнирот се одржа на 21 октомври во спортската сала на основното училиште “Кирил и Методиј”, а на него учествуваа екипи на Друштвото за развој на доброволната работа од Јагодина - Србија (кое го освои и првото место), младинските екипи од Пеширово, од Горобинци и младинската екипа на Вавилон-центарот - Свети Николе.
“Уште еднаш младоста покажа дека светот е убаво место за живеење, кога сме еднакви и подеднакво се радуваме на исти работи. Во овој случај фудбалот беше алката која н$ поврза сите во играта, навивањето, дружењето” -посочуваат учесниците.
Турнирот, беше со мешан состав од млади луѓе, по пол и етнитет, на возраст од 15 до 25 години. По нивно барање беше посветен на големиот љубител на спортот и хуманист - Тоше Проески.
К.Б.
|
|