кина и ундп
Меѓународен центар за намалување на сиромаштијата
Република Кина и Програмата за развој на Организацијата на Обединетите нации – УНДП сорабоуваат за отворање Меѓународен центар за намалување на сиромаштијата. Оваа иницијатива беше разгледана во мај годинава, на конференцијата за намалување на сиромаштијата во Шангај. На оваа конференција беше потпишан и договор за спроведување на иницијативата во дело.
Кина е избрана како држава-партнер на УНДП поради тоа што минатите две децении даде мошне значаен придонес и резултати во намалувањето на сиромаштијата, а нејзиното искуство може да биде од непроценлива важност за светот. Центарот ќе обезбедува пренос на знаењата и практиките на Кина за креирање политики и градење стратегии за намалување на сиромаштијата.
М.И.
|