Успешна Програмата за интеграција на Ромите во општеството

Над 1.000 ромски семејства во Бугарија, станаа сопственици на земја

За Ромите, земјоделство и интеграција” е програма финансирана од Холандската организација за меѓународен развој и соработка - Новиб. Се работи за петгодишна програма спроведена во јужна Бугарија, наменета за помош на Ромите кои не поседуваат земја, да станат земјопоседници и да започнат одржлив бизнис со земјоделство кој ќе им овозможи постојан прилив на пари. Во текот на реализацијата на програмата се опфатени близу 1.000 ромски семејства во 16 села, кои се занимаваа со различни облици на земјоделство.

Во минатото Ромите најчесто биле ковачи. Тие, патувајќи низ различни области, им ги нуделе своите услуги на селаните, од што и можеле да преживеат. Со модернизацијата на општеството, нивните услуги не се веќе потребни. Тој факт доведе огромен број Роми да дојдат до работ на егзистенцијата. Ако тие не добијат шанса да се најдат во новата економска стварност, можат да станат уште посиромашни и уште поизолирани.

Еднаквост пред побарувањата на пазарното општество

Целта на оваа програма, спроведена во околината на Пловдив во Бугарија, е еднаквост пред побарувањата на пазарното општество. Тој принцип, што се однесува до Ромите, е само формален. Нејзините почетоци датираат во 1993 година, а учествуваат ромски семејства кои немаат своја земја и сакаат да се вклучат во фармерството и да станат независни.

По промена на дел од законите во Бугарија, Програмата стартува со помош на Фондацијата Ц.Е.Г.А., со 600  ромски семејства кои за земјата што ја добиле од Министерството за земјоделство и од локалната комисија за земја требале да платат 2 проценти од нејзината вредност. Во 1996 година, сиромашни Роми добиле над 1.600 декари земјиште на долг период во градот Брезово, селата Боретс, Чалакови и Бегово, како и во околината на Пловдив. Првите проблеми врзани со малото искуство кое го имат Ромите со земјоделството се решаваат со ангажирање експерти кои работат на терен со семејствата во сите фази, од обработката на земјата, до собирањето на плодовите. Во 1997 година со помош на проект на Холандското министерство за надворешни работи обезбедена е и помош во семиња и машини. Семејствата добивале од 3 до 12 декари земја, а најчесто одгледувле зеленчук и добиточна храна.

По успешниот почеток на Програмата и добивањето на земјата, започнува и реализацијата на втората фаза, обука на учесниците за основите на земјоделството. Експерти одржуваат тренинзи за обработка на земјата, одгледување на културите, како и заштита на растенијата од болести. 

Во рамките на финансирањето на учесниците во програмата, од страна на  Фондацијата Ц.Е.Г.А. е оформена тространа шема на финансирање, за која е формиран фонд од 20.000 долари, обезбедени од донатори. Парите, кои се делени како условни грантови на семејствата, во одреден рок се враќале во фонд за општествен развој. Со тоа, Програмата обезбедила континуирано кредитирање на семејствата, без учество на банките, кои бараат гаранции, како поседување недвижности, услов кој сиромашните Роми не го исполнуваат.

Со оваа финансиска шема, Програмата ја исполнува својата прва цел, да се обезбеди земја за сиромашните и постојани средства за нејзина обработка. За таа цел е формирана и Лимитид партнершип компани - ЛПЦ (Лимитед Партнерсхип Цомпанѕ). За обезбедување на втората цел, како обуката, советувањето и дистрибуцијата на информации, формиран е Агроинфомацискиот центар. Од него се диструбуирани над 5.000 лифлети со информации за апликација во проектот. Сите семејства кои не биле вклучени во ЛПЦ, имале шанса да се запознаат со условите и да добијат специјализирани земјоделски информации. Исто така, со брошурите кои ги издава центарот, семејствата се информирале за техничките совети во врска со  обработката на земјата. Набрзо, Програмата излегува од етничките рамки на ромската заедница и за неа се интересираат сиромашни семејства од сите етнички групи.

С.Н.