Надворешната помош од ЕУ и Македонија - прирачник за граѓански здруженија

Македонскиот центар за меѓународна соработка го издаде новиот број на Граѓански практики, овој пат како прирачник под наслов “Надворешната помош од ЕУ и Македонија”.

Прирачникот содржи корисни информации за институциите на ЕУ поврзани со помошта,  за раководењето со фондовите, за проектниот циклус на ЕУ, за рамките за соработка на Македонија со ЕУ, за програмите и финансиските инструменти на ЕУ и уште многу други корисни информации.

Од 1992 до 2003 година Македонија добила околу 606 милиони евра како помош од Европската комисија.

Денес Македонија има многу мал пристап до изворите на фондовите на ЕУ, а се очекува ваквата состојба да се промени. МЦМС го подготви овој прирачник за да им обезбеди повеќе информации на граѓанските организации за тоа како функционира надворешната помош на ЕУ и како можат да пристапат тие.

Г.Ш.