Национална конференција на 7 јули во Скопје

Индексот на граѓанското општество на РМ на ЦИВИКУС

Индексот на граѓанското општество на Цивикус (ИГО) е акциско-истражувачки проект што цели кон проценка на состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот, со намера да обезбеди основно познавање и даде придонес на иницијативите за јакнење на граѓанското општество.

ИГО го спроведува Македонскиот центар за меѓународна сора­бот­ка со одобрение на меѓународната организација за гра­ѓан­ско учество ЦИВИКУС . Во неговото спроведување се вклучени Националниот индекс тим (НИТ) составен од повеќе стручни лица од различни организации и одговорните службеници од МЦМС и Националната советодавна група (НСГ), составена од 20 претставници на различни граѓански организации и други ин­ституции.

Членовите на НИТ ја подготвија нацрт верзијата на На­ци­онал­ни­от извештај, која беше разгледана од страна на Националната советодавна група во мај 2005. Извештајот ќе се дискутира на Национална конференција, која е закажана за 7 јули 2005 година во Скопје.

Цели на конференцијата се:

4    да се презентираат и дискутираат наодите од извештајот за ИГО;

4    да се искористат наодите како основа за идентификување на главните јаки и слаби страни на граѓанското општество, и доколку биде возможно

4    да се идентификуваат и испланираат соодветни иницијативи за зајакнување

На конференцијата ќе земат учество 70 претставници на гра­ѓан­ските организации, медиумите, владиниот и деловниот сектор.