Продолжи спроведувањето на проектот “Низ перпективата на жената”

Правата на жените во контекст на трудот и работничките права

Во организација на Центарот за изведувачки уметности Мултимедија, преку организирање две дебати, на 23 ноември во Велес, посветени на поврзаноста на репродуктивните и сексуалните права на жената со трудот и работните односи, продолжи спроведувањето на проектот „Низ перспективата на жената” .

Проектот во својата основа ја носи идејата за родовата еднаквост и адресирање на социјалните прашања, а целта на дебатата беше иницирање дијалог меѓу феминистките, креаторите на развојни планови и политики, активисти од граѓанскиот сектор и интелектуалци во адресирање на поврзаноста и комплексноста на прашањето за жените и нивните репродуктивни и сексуални права, во контекст на трудот и работничките права. Одржаните презентации беа посветени на репродуктивните права како дел од социјалната и здравствената заштита и работничките права, на абортусот и неговото значење како само здравствено прашање како и на прашањето поврзано со демократијата и слободниот избор, како и на сексуалните права на жената како дел од концептот на женските права, потоа правото на сексуална автономија и прашањето дали сексуалните работници имаат право на сексуална автономија. Проектот е финансиран од програмата Исток-исток, на Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

К.Б.