Родова политика
Ќе се основа Европски институт за родови прашања
Европската комисија планира да основа Европски институт за родови прашања, кој ќе собира, анализира и дистрибуира податоци коишто би обезбедиле основа за идните политики за родовата еднаквост. И покрај неколкуте иницијативи на земји-членки на ЕУ да им се пристапи на прашањата поврзани со родовата нееднаквост, во Европа с$ уште се присутни застарени трендови во врска со ситуацијата на жените: феминизација на сиромаштијата, особено во староста - жените живеат во просек подолго од мажите, а пензискиот систем не ја признава таа разлика. Новиот институт и новата политика треба да ја подобрат оваа ситуација, со оглед на тоа што во моментот ЕУ не поседува значителна законска моќ во социјалната политика и главно е оставено земјите поеднично да усвојат свои лични алатки за промовирање на еднаквоста меѓу половите. Новиот институт би оперирал со буџет од околу 53 милиони евра за периодот од 2007 до 2013 година, а неговото седиште ќе биде во една од новите земји-членки на ЕУ.
Т.Х. |