Асоцијација за демократски иницијативи
Повеќејазична веб-релациска база на податоци ривер си (RIVER SEE)
Тимот на програмата Регионална интеграција преку Волонтерски размени за помирување на Југоисточна Европа (River See) ја пушти во користење повеќејазичната веб-релациска база на податоци, веб-страница посветена на волонтерските размени Исток-Исток во балканскиот регион.
Програмата претставува единствена регионална соработка на УНВ/УНДП (УНВ/УНДП) помеѓу канцелариите на УНВ/УНДП во Албанија, во Босна и Херцеговина, во Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора и во Србија, што ќе биде коспроведена со партнери како што се ЕУ/ЕВС, ВСО УК, СЕЕЈН, ВанВорлд СЕЕ (ЕУ/ЕВС, ВСО УК, СЕЕЅН, OneWorld СЕЕ) и 14 истакнати граѓански здруженија, како и други локални здруженија од седум земји/области на Балканот.
Во Македонија програмата се спроведува од страна на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Советот за превенција против малолетничка деликвенција и има цел да го зајакне капацитетот на граѓанските здруженија/волонтерски организации (ГЗ/ВО), неформални групи или поединци од заедниците, во нивното раководење со волонтерскиот сектор, да ја промовира регионалната соработка како пресудна алатка во забрзувањето на демократскиот и економскиот развој, како и градењето на мирот во регионот.
Повеќејазичната веб-релациска база на податоци РИВЕР СИ е опремена со систем којшто може да ги спои потребите на граѓанските здруженија/волонтерски организации (ГЗ/ВО) со профилот на поединците/волонтерите кои се заинтересирани да учествуваат во волонтерските размени Исток-Исток и овозможува користење на албанскиот, на хрватскиот, на босанскиот, на македонскиот и на српскиот јазик. Повеќе може да се информирате на веб-страницата www.riversee.org.
Г.Ш.
|
|