Косово
Кампања - Стоп за дискриминацијата на Косово
„Младите луѓе треба да се стремат кон создавање на подобро општество, општество без дискриминација на Косово, бидејќи чинат две третини од него”, изјавил Барди Бакија, координатор за млади, на Иницијативата на младите за човекови права на Косово, на почетокот на уличната акција „Стоп за дискриминацијата”. Во текот на манифестацијата, активистите на движењето “Мојата иницијатива”, разговарале со граѓаните за различните видови дискриминација на Косово и за начинот на борба на секој поединец против ваквите појави.
„Вистината е поважна од митовите, луѓето се повредни од поделбата по националности, вера, боја на кожа, раса, пол или сексуална ориентација. Сакаме модерно косовско општество во кое знаењето и вредностите, а не предрасудите, ќе зборуваат за нас”, е дел е од граѓанската порака. Оваа акција е дел на големата антидискриминаторска кампања, која наредните шест месеци, ширум Косово ќе вклучува улични акции, забави, а истовремено ќе се одржи изложба на студентски творби на тема „Што е за тебе дискриминација”?
Кампањата се спроведува во соработка со Омбдусманот на Косово, а е поддржана од програмата на Фридом Хаус за помирување на косовските заедници и УСАИД.
Г.Ш. извор: онењорлд
12 пораки од 12 личности на 12 јуни
По повод 12 јуни – Меѓународниот ден против употребата на детскиот труд, пред Министерството за труд, социјални работи и еднакви можности во Тирана, Центарот за заштита на правата на децата во Албанија – ЦРЦА, во соработка со Коалицијата против трговијата и сексуалната злоупотреба на децата (АЦТСЕЦ) ја организираше манифестацијата „12 јуни – 12 пораки – 12 личности од граѓанското општетсво”.
На неа беа поканети 12 личности од сите сегменти на граѓанското општество, за да испратат 12 пораки за заштита на децата што работат, а со тоа да се подигне свеста на албанската јавност за оваа негативна појава, што според организаторот „опфатила десетици илјади деца низ цела Албанија”.
Центарот за заштита на правата на децата во Албанија, уште од 1999 година, организира протести на кои учествуваат и деца, во повеќе градови низ земјата, за да ја истакне својата порака „стоп на искористувањето на детскиот труд”.
Г.Ш. извор: онењорлд
|