ЕСЕ
Женски здравствен информативен центар
Женскиот здравствен информативен центар, кој го организира и управува здружението ЕСЕ, претставува место каде што жените од целата држава можат да добијат бесплатни информации поврзани со женското здравје и сето она што за многу денешни жени е табу-тема: контрацепција, бременост, гинеколошки болести, менопауза. Целта на центарот е да се надмине проблемот со здравствената неинформираност и неедуцираност на жените од оваа област, што е утврден од ЕСЕ по повеќето спроведени проекти поврзани со здравјето на жената.
Информациите и разговорот за овој вид проблеми во центарот ги даваат и водат медицински лица, односно две лекарки - гинеколог и ендокринолог.
Центарот работи со закажување - тоа може да се стори секој ден, од 14 до 16 часот, на телефонот 02/3298-713.
М.И.
|