Во неготинското село Прждево успешно се реализира заем на МРФП
Современото производство обезбеди сигурен пласман
Во неготинското село Прждево, во Повар­да­рието, во рамките на програмата којашто ја спро­­ведува Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), и на почетокот на оваа есен, благодарение на исплатениот заем со финансиско посредство на Тутунска банка, скопската фабрика СИКА на едно место ќе ги собере производителите на познатата црвена пиперка за да го откупи родот од чијашто вредност зависи буџетот на десет семејства.