За корупцијата во високото образование

Клоцааааааа!!!!

Под мотото ‘‘Клоца! За корупцијата во високото обра­зование‘‘, Младинскиот образовен форум ги про­должува активностите во рамките на проектот „Антикорупција во високото образование‘‘. Овој проект е дел од Антикорупциската студен­т­ска мрежа на Југоисточна Европа, во која чле­нуваат: Македонија, Бугарија, Хрватска, Ср­би­ја, Молдавија и Албанија.

Кампањата „Клоца!‘‘ е само дел од активностите кои­што ги спроведува Младинскиот образовен фо­рум (МОФ) со цел  да се намали корупцијата на скопскиот и битолскиот универзитет, да се вли­­јае врз поединците инволвирани во коруптив­ни дејства, како и да се промени свеста на учес­ни­ците во вискокото обрзование. Крајната цел е да се извршат промени во ној дел од постојната за­конска и универзитетска регулатива што гене­ри­ра коруптивно однесување.

Претседателот на МОФ, Маријан Забрчанец, вели де­ка корупцијата во вискокото образование пос­тои, и тоа во сите сектори, вклучувајќи ги про­­фе­со­рите, студентите и администрацијата. Тоа го потвр­дува и истражувањето направено од ФИООМ, според кое 35% од студентите слуш­на­ле дека им е побарано мито на нивни коле­ги за полагање испит, 35% не веруваат во ре­гу­ларноста на уписите на факултетите, 66% сме­­таат дека не се почитуваат критериумите за распределба на соби во студентските до­мо­ви, а на 66% им било побарано да купат учебник од професор.

Кампањата „Клоца! За корупцијата во високо­то образование‘‘ е втор дел од проектот Ан­ти­корупција во високото образование, по кампањата „РЕЗИЛ‘‘. МОФ ги планира овие актив­нос­ти со цел да го актуелизира ова пра­ша­ње и да работи на изнаоѓање решение за овој гор­лив проблем кој ne се појавува само кај нас, туку и во целиот регион. Како најдирект­но средство во борбата против корупцијата во високото образование МОФ во соработка со Министерството за образование го промовира отворениот телефон 02/310-6516 на кој мо­жат да се јават сите за да & „удрат‘‘ клоца на ко­рупцијата во високото образование.

А.Т.