Стапува во сила Протоколот од Кјото

Без поголемите земји загадувачи

Првиот правно-обврзувачки закон за животна средина на ОН, Протоколот од Кјото, стапи во сила на 16 февруари. Про­то­­колот беше потпишан во 1997 г. во Кјото, Јапонија, по­ста­ву­вајќи законски граници за индустриските земји кои про­ду­цираат јаглерод-диоксид да го намалат нивото на емисија на штетни гасови помеѓу 2008 и 2012 година. Целта е да се на­мали глобалното загадување на 5,2% во споредба со ни­во­то на загадување во 1990 година. Меѓутоа, земјите кои про­ду­­цираат најмалку 55% од глобалната емисија на јаглерод-ди­оксид - САД, ја повлекоа својата поддршка на договорот во 2001 година, тврдејќи дека тоа премногу би ја оштетило еко­но­мијата, зголемувајќи ги на тој начин сомнежите за реа­лизацијата на целите поставени во протоколот.                                                                    

Т.Х.