Човекова безбедност

Летна академија за човекови права и безбедност

Европскиот центар за обука и истражување за човекови права и демократија од Грац прибира апликации за Меѓународната летна академија за човекови права и чове­ко­ва безбедност: “Улогата на образованието во демокра­т­ско­то граѓанство”, која ќе се одржи во австрискиот град од 18 до 28 јули 2005 година. Летната академија е наме­не­та за постдипломци и истражувачи,  за помладиот пер­со­нал на министерствата и соработниците на граѓанските ор­га­низации - членовите на Мрежата за човекова безбед­ност, како и за други граѓански организации од целиот свет со фокус на Југоисточна Европа и земјите во развој. Повеќе информации за целите, методологијата и начи­ни­ни­те за аплицирање, можете да добиете на http://www.summeracadems.etc-graz.at

Т.Х