Македонско учество на ЗГ во Италија

ЕКОНЕТ се претстави на саем во Римини

Во периодот од 23 до 28 август, 2004 година, ЕКОНЕТ учествуваше на саемот “Средба за пријателство меѓу луѓето” којшто традиционално се одржува во Ри­ми­ни - Италија. Станува збор за еден од најпопуларните фестивали во Ита­лија со преку 700.000 посетители, што традиционално се одржува секоја година.

Активностите и мисијата на ЕКОНЕТ беа претставени преку визуелна мултимедијална презентација, на заедничкиот штанд на Регионалниот центар за жи­­вот­на средина за Централна и Ис­точна Европа (РЕЦ) и итали­јан­­ската асоцијација Лумана димора, со под­дршка на Минис­терството за живот­на средина и територии на Ита­лија.

Во рамките на саемот се одржа и министерска конференција по­светена на соработката на по­ле­то на животната средина меѓу др­жав­ите од Централна и Ис­точ­на Ев­ропа и Италија. Прет­став­­ни­ци­те на ми­нис­терства­та за жи­вот­на средина од Балканот зборуваа за напорите што ги прават нивните држави во насока на одржлив развој.