СРБИЈА И ЦРНА ГОРА
Извештај на Амнести интернешнл за човековите права
Амнести интернешнл го издаде последниот извештај за проблемот со човековите права во Србија и Црна Гора. Искажани се голем број тековни проблеми, меѓу кои и: продолжување на неказнувањето на одговорните за тешки нарушувања и злоупотреби на човековите права за време на конфликтите во 90-тите, недостаток на соработка на властите со Хашкиот трибунал и ретки домашни гонења на воените криминалци. Извештајот исто така го документира не водењето истраги за стотици случаи на наметнати “исчезнувања” и грабнувања, неподнесување извештаи за тортура и лош однос на полицијата и континуирана дискриминација на Ромите. Извештајот е издаден во контекст на годишнината од приемот на СЦГ во Советот на Европа, и е достапен на http://amnesty-news.c.topica/maab0mJaa4QV6beCQ2fb/.
Т.Х.
|