КУД “ДРИМКОЛ”
Водич низ светилиштата на Вевчани
Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани е издавач на публикацијата „Водич низ светилиштата во Вевчани“, чиј автор (на текстот и на фотографиите) е Анастас Ќушковски. Водичот е испечатен на македонски и на англиски јазик, а во него е даден преглед на црквите, манастирите и другите свети места во околината на Вевчани.
Овој водич е дел од проектот што КУД „Дримкол“ го спроведува во рамките на Програмата „Живо наследство“ на ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија.
|