Ецмп пц Штип и нб “Гоце Делчев” – Штип

Мал турнир во друштвени игри

Во Штип, во неделата која се одбележуваше како Светска недела посветена на детето, Европскиот центар за малцински права – РЦ Штип и Народната библиотека “Гоце Делчев” во организираа мал турнир во класични друштвени игри. На тур­нирот, од 1 до 3 октомври, околу 47 ученици се натпреваруваа во шах, табла, табланет, “не лути се човеку”, мечиња, монопол и други игри. 

Игрите се дел од неодамна оформената “Класик играчница” во рамките на Народната библиотека “Гоце Делчев” во Штип. Тие беа набавени по организирната изложба на постери во јули годинава, преку која се собраа средства за набавка на класични друштвени игри. Изложбата ја организира Европскиот центар за малцински права – РЦ Штип, по повод двегодишнината од своето работење.

М.И.