Здружение на овоштарите “Беласица”
Технологија на подигање, одгледување и чување кинеска актинидија - киви
Со финансиска помош од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) се публикувани осум прирачници на земјоделските здруженија. Во овој број ви претставуваме две од нив. Здружението на овоштарите “Беласица” од с. Смоларе, општина Ново Село, го издаде прирачникот за “Технологија на подигање, одгледување и чување кинеска актинидија - киви”. Прирачникот ќе послужи како добар водич во давањето практично-стручна помош при подигање, одгледување и чување на актинијадата на индивидуалните овоштари. Од прирачникот ќе се информирате за климатските услови, сортите на актинидијата итн. |
|