Србија
Србија стагнирала во текот на 2006 г.
Србија, во текот на претходната година, стагнирала во сите сегменти на политичкиот, економскиот и општествениот живот, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, во извештајот под наслов „Србија 2006: Човекови права – заложник на државната регресија”.
Како што се наведува, стагнацијата, придружена со систематски недостаток на интерес за воспоставување ефикасна заштита на човековите права, не е само последица на девастација на институциите во последните 20 години, туку и на самоизолација и промовирање на концептот на неутрална Србија. Според оценките на Хелсиншкиот комитет, процесот на приближување на Србија кон европските интеграции, пред сe кон ЕУ, е условен со објективни ограничувања. Од една страна, Србија, како неуспешна транзициска земја соочена со бројни барања, не е во состојба да се прилагоди кон европските стандарди, додека од друга страна, „новата политичка и економска класа (тајкуните), не е подготвена за евентуално губење на позициите, стекнати во последните 20 години”.
Притисоците и политиката на условувања во случајот Србија изгледа повеќе не функционираат, се наведува во извештајот, „со обѕир дека нејзината политичка класа искрено не сака во Европа и подготвена е да ја жртвува европската иднина”. Во извештајот се наведува дека на последните парламентарни избори дојде до потполна деинституционализација на државата.
Г.Ш. извор: онењорлд
|
|