Актуелен и загрижувачки поглед на светот

Се зголемува заканата од глобална сиромаштија

Со присуството на меѓу­­на­род­ни­те ми­ни­­с­­три за финансии во Ва­шинг­тон на средбите по­ме­­ѓу Светската банка и Меѓу­народ­ниот монетарен фонд, вни­ма­ни­ето неиз­беж­но ќе се фокусира на Ирак и Средниот Исток како главни извори за нестабилност во светот. Исто­времено, средбата на 184 држави ќе се фокусира и на друга, дури и пого­лема сила на нестабилност: глобалната сиро­маш­тија.

Нашиот свет има 6 милијарди луѓе, од кои 1 милијарда поседуваат 80% од глобалното богатство, доде­ка друга милијарда се бори да пре­живее со помалку од еден долар дневно. Две милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода; на 120 милиони деца никогаш не им е по­ну­де­на шанса да одат во училиште; преку 40 милиони луѓе во земјите во развој се ХИВ позитивни, со мала надеж за излекување од оваа ужасна болест.

Во 2000 година светските лидери остварија средба на Милениумскиот самит во Њујорк и се обврзаа да ја преполоват сиромаштијата до 2015 година. Тие се согласија за “миле­ниу­мски цели за развој” на здрав­ство­то, образованието, жените и животната средина. Голем број ли­де­ри зборуваа за овие цели како за праведни; тие исто така збору­ваа и за нашиот глобален самоинте­рес - поврзување на борбата про­тив сиромаштијата со борбата за стабилност и мир.

Оваа недела извештаите на Свет­ската банка/ММФ алармираат: до 2015 година повеќето од целите не­ма да бидат исполнети во поголе­миот број земји.

Значи, светот се наоѓа во позиција да добие или да изгуби се: или ќе се вратиме кон остварување на целите, или пак овие огромни цели ќе бидат пропуштени, светската сиромаштија ќе биде оставена далеку зад нас - и нашите деца ќе бидат препуштени да се соочат со последиците.

Во наредните 25 години околу 2 милијарди нови луѓе ќе бидат дел од глобалната популација, но само 50 милиони ќе бидат во побогатите земји. Поголемиот дел ќе се родат со изгледи да растат во сиро­маш­тија и разочарани од светот на кој тие неизбежно ќе гледаат како на неправеден. Тероризмот често пати се развива во места каде што мла­дата популација која брзо расте ја гле­да надежта повеќе како сарка­зам отколку ветување.

Речиси половина од населението во светот денес се под 24-годишна возраст. Девет од десет од овие мла­ди луѓе живеат во земјите во развој. На една милијарда од нив ќе им биде потребна работа во след­ната деценија. Огромен број од нив ќе ја напуштат татковинита за да најдат работа.

Ние треба да се соочиме со оваа реалност и треба да дејствуваме, осо­бено врз следниве три пра­шања:

-   Светските трговски разговори - кои можат да го намалат земјо­делскиот протекционизам, а со тоа и сиромаштијата во нациите во развој - мора да напредуваат. Како резултат на тоа, земјите во развој би добиле речиси 350 милијарди долари до 2015 г., доволно да се ослободат 140 милиони луѓе од сиромаштија.

-   Приливот на помош треба да се издигне над тековните обврски и треба да се користи поефи­кас­но. Иако последниве години беле­жат одредени зголемувања, ќе биде потребно речиси удвоју­ва­ње на тековното ниво на по­мош за развој (околу 50 мили­јарди долари).

-   Мораме одлучно да продолжиме со ослободување на најсиро­маш­ните земји од долговите, со ог­ром­на пропорција на дополни­телна помош обезбедена во об­лик на грантови наместо заеми.

За да бидат успешни овие актив­ности, договорот помеѓу богатите и сиромашните народи мора да биде ефикасно имплементиран. Земјите во развој мора да сторат повеќе за да го реформираат своето стопан­ство и да ја запрат корупцијата, а развиените земји мора да ги под­држат овие реформи со зголемена помош.

Денес, развиените земји трошат преку 50 милијарди долари за по­мош на земјите во развој. Како спо­редба, тие трошат околу 900 мили­јарди долари за одбрана. Кога број­ките би се замениле, најверојатно не би имало потреба да се трошат повеќе од 50 милијарди долари за одбрана.

Во светот, по 9 септември, богатите и сиромашните земји се поврзани како никогаш порано - преку еконо­мија и трговија, миграција, промена на климата, болести, дрога, кон­фликти и, да, тероризам. Ние зна­еме дека изборите се добиваат и губат за локални проблеми - тоа е точно за секоја земја. Но, глобал­ните прашања, особено сиромаш­тијата, ќе го обликуваат светот во кој живеат нашите деца.

Сега мораме да дејствуваме заедно про­тив она што знаеме дека е основ­на причина за неправда и не­ста­билност.
 

Џејмс Волфенсон, 
претседател  на Светска банка