ЗДМТ И ИМТ

Професионална болест - што треба да се знае?

Здружението на докторите за медицина на трудот и Институтот за медицина на трудот, Колаборативен центар за медицина на трудот, издадоа брошура со наслов “Професионална болест - што треба да се знае?”. Во неа е дефинирано значењето на поимот професионална болест, од здравствен и од законодавен аспект, опишани се видовите професионални заболувања, обврските на работодавецот, превенцијата, правата и обврските на работниците. Брошурата е финансирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. 


ИО КРСТЕ ЈОН И МУЗЕЈ - СТРУГА

Трската постои со причина

Извидничкиот одред Крсте Јон од Струга и Музејот од Струга, со поддршка од Милиеуконтакт оост-Европа (Милиеуконтакт Оост-Еуропа) ја издадоа брошурата “Трската постои со причина”. Во неа се објаснува важноста на природниот појас од трска за целокупниот еколошки систем на Охридското Езеро. Во брошурата се претставени примероците на флората и фауната кои живеат во овој појас, како и актуелните закани што го загрозуваат живиот свет и ова специфично пребивалиште.


РЕЦ

Да се применува правото

“Да се применува правото” е насловот на брошурката издадена од Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа. Брошурката ја промовира Балканската мрежа за спроведување на регулативите од областа на животната средина БЕРЦЕН (БЕРЦЕН), во која членува и Република Македонија. Работата на мрежата ја финансираат Европската комисија, Холандија, Норвешка и Хрватска.