Здружение за одржлив развој
Како до успешен бизнис
Здружението за одржлив развој го објави прирачникот “Како до успешен бизнис”. Во него се пренесени практиките и размислувањата на поединци бизнисмени во светот и познати мислители со една единствена цел да им помогне на младите бизнисмени и на оние што почнале да влегуваат или размислуваат да влезат во бизнисот. Во прирчникот се одговара на неколку прашања како: практика на претприемништвото; како да се одбегнат стапиците на претприемништвото; климата за претприемништвото; микропретпријатијата и нивното значење; компаниите за ризични вложувања и можните извори за финансирање и кредитирање на успешен бизнис.
|