Босна и Херцеговина
Протест против изградба на амбасада на САД
Младите либерали од БиХ остро се спротивставуваат на обидот на просторот на кампот на Универзитетот во Сараево да биде изградена нова амбасадата на САД. Тие упатија писмо до Градот и Кантонот Сараево, Министерството за просторно планирање, Ректоратот на Универзитетот во Сараево, Унијата на студентите, амбасадата на САД и медиумите.
“Самата идеја на отстапување на земјиштето на амбасадата на САД, наменета за изградба на Универзитетскиот камп во Сараево ги прави несериозни и празни сите ваши изјави за поддршка на младите во БиХ. Сметаме дека политичката реторика треба да биде спроведена на дело, а не да стане мртво тело на хартија. Меѓутоа, вие отидовте до бескрај. Не само што не работите ништо, туку сакате да им го земете на младите тоа што веќе го имаат”.
Г.Ш.
|
|