Реновирање училишта
ОУ “Гоце Делчев” во Василево доби парно греење
Нов систем за централно греење е инсталиран и пуштен во употреба во основното училиште „Гоце Делчев” во општината Василево. Средствата во висина од 40 илјади долари ги обезбеди Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД. „Иако сме мала општина, нашите деца постигнуваат големи резултати. Инсталацијата на овој систем за греење е од огромно значење за нашата општина и иницијативата за одржување и усовршување на нашето школо. Како и многу пати досега, немаше да бидеме во можност да го спроведеме овој проект, ако ја немавме поддршката од американскиот народ и УСАИД, кои секогаш инвестираат во најважните потреби на нашето општество, изјави градоначалникот на Василево, Славе Христов. Реновирањето на училиштето во Василево е дел од проектот на УСАИД за основно образование, со кој ќе бидат реновирани 100 основни училишта до 2011 година. Во тек е аплицирањето за втората фаза од 32 училишта што треба да бидат реновирани, за што информации можат да се добијат на веб-страницата њњњ.пеп.орг.мк
МИА
|
|