Словенија

Словенечкото претседателство со ЕУ за понатамошна интеграција на Балканот

Во своите настојувања да ја забрза интеграцијата на земјите од Балканот за време на своето претседателство со Унијата од јануари до јули следната година, Словенија испрати писмо до лидерите на ЕУ и до Европската комисија во кое бара „храбри одлуки” во поглед на регионот. „Доколку сакаме да ја оствариме идејата за основачки татковци на цела и слободна Европа, мораме да преземеме храбри одлуки во поглед на Западен Балкан”, се вели во писмото на словенечкиот премиер, Јанез Јанша.