Реакција на повеЌе граЃански организации, медиуми и институции по повод Директивата ЕБ(2004) 05 на Советот на Европа
„Кажи Македонија“
“Кажи Македонија” – е наслов на кампањата што во земјава започна на 19 март под иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот Евро Балкан, Економскиот институт, Инсти­тутот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за социо­лошки и политичко-правни науки, ОХО, Транспарентност Македонија, Сојузот на историчарите, Фондацијата Институт Отво­рено општество Македонија (ФИООМ), неколку дневни весници и институции. Кампањата е реакција на Директивата ЕБ (2004) 05 на Советот на Европа од 2 март 2004 година за употреба на референцата “Бивша Југословенска Република Маке­донија” и за лицата кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа.
60-то ЗАСЕДАНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН
60-то ЗАСЕДАНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН
На 15 март, повеќе од 3.000 официјални лица на повисоки функции, како и лобисти за човекови права, се собраа ва Палатата на нациите во Женева на уште едно годишно заседание на Комисијата за човекови права на ОН, познато како едно од најважните собири на светот. На својата 60-та годишнина, Комисијата се наоѓа меѓу вкрстен оган од политичките интереси и чове­ковите права и ризикува да ја загуби својата релевантност доколку остане настрана.