Босна и Херцеговина

Заедничка кампања на ЕУПМ и локалната полиција

Оделението за медиуми и односи со јавноста на ЕУПМ минатата година работеше на обучување и советување на портпаролите на полициските сили на БиХ, околу аспектите на нивната работа, а како резултат на тоа, на почетокот на јануари стартува првата планирана и спроведена јавна информативна кампања.

Одделението досега организирало и одржало значаен број работилници посветени на широк спектар на теми важни за односите со јавноста и јавното информирање, на начинот на којшто може да се подобри односот и разбирањето меѓу полицијата и медиумите, на улогата на полициските портпароли и јавните обвинители итн.