Мауро Пагани на хуманитарен концерт во Скопје

За една вечер собрани 1.700 евра

Во Универзалната сала во Скопје италијанскиот музичар Мауро Пагани, на 24 март на едновечерен хуманитарен концерт ја со­бра публиката и 1.700 евра, донација за помош на Онколошкиот оддел при Клиниката за детски болести во Скопје.

Парите беа собрани во поставените кутии во фоајето на салата, а истите ќе бидат искористени за подобрување на условите за лекување на дваесеттина мали пациенти. Италијанската му­зич­ка ѕвезда  Мауро Пагани  секоја година одржува хуманитарни кон­­церти  во светот, а скопскиот  концерт е еден од  десетте што тој ќе ги одржи годинава. Пагани е познат во светот и како ав­тор на музиката на три филма на режисерот Габриело Сал­ба­то­рес,  а неговиот музички интерес е поврзан и со истражување на  на балканската фолк-музика.                                             

Орга­низатори на концертот беа Италијан­ската амбасада во Ско­пје,  Скопскиот џез фестивал и Македон­ското здружение за бор­­ба против ракот и леукемијата кај децата “Пеперутка”.