пред самитот г-8
Да се фокусираат глобалните предизвици
Граѓанските организации од повеќе земји упатуваат постојано барања до САД, ЕУ и другите развиени светски држави да ги утврдат глобалните предизвици на светот и да ја фокусираат својата работа и планови на нив. Групата за земји Г-8 во која влегуваат седумте најразвиени држави во светот плус Русија, ќе оджат самит од 8 до 10 јуни годинава, во државата Џорџија во САД. Граѓанските организации сметаат дека претседателот на САД, Џорџ Буш, на овој самит ќе се обиде дикусијата да ја сведе на борбата против тероризмот, занемарувајќи ги останатите важни предизвици на човештвото, како глобализацијата, проблемите на загадувањето, сиромаштијата, исхраната и друго.
М.И
|