Проширувањето на ЕУ

ЕУ бара итен договор во Македонија

На 25 септември, за време на дебатата во македонскиот парламент во врска со изборните реформи, членови на Демократската унија за интеграција (ДУИ), најголемата опозициска партија на етничките Албанци, се судрија со пратениците од Партијата за демократски просперитет, партија на етнички Албанци која е дел од владината коалиција.

Надвор од парламентот, полицијата изврши неколку апсења откако активисти на ДУИ ги блокираа патиштата. „Очекуваме дијалогот во Парламентот да се води на мирољубив начин”, рече портпаролот на Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен.