Босна и Херцеговина

“Босналијек” победник на натпреварот ДОБРО08

Фондацијата Мозаик ги објави победниците на првиот натпревар на БиХ за општествено одговорно претпријатије – претпријатие на годината ДОБРО08.

Во категоријата „Коорпоративна филантропија” победник е компанијата „Ширбеговиќ група”, во категоријата „Добротворен маркетинг” победник е компанијата „ПЦ Кидс”, додека во категоријата „Одговорни бизнис-пракси” победник е компанијата „Босналијек”.

„Босналијек”, како победник на натпреварот – претпријатие ДОБРО08, има привилегија во текот на 2008 година да користи на своите производи и публикации оригинално дизајниран „Знак на општествено одговорно претпријатие”.

Г.Ш.

Извор: oneworld