Коментар
Пролетта ја носи мудроста на природата
Природата е мудра, луѓето го знаат тоа, без разлика кога и каде живеат, тие му се восхитуваат на редот кој го содржи таа во себе. Секоја пролет е ново соочување со нејзината мудрост и сила. Природата се појавува низ сите живи и неживи облици и вели: “Тука сум, свртете се наоколу, видете дека повторно, и оваа година, ви нудам можност за род, благосостојба, ред во хаосот. Бидете мудри”.
Кај нас, од разни причини, во Деновите на пролетта многумина, за среќа, почнуваат да ги бараат, протоколарно или не, своите врски со природата. С$ повеќе се садат дрвца, се обновува некогашната народна традиција, нарушена со техничко-технолошкиот развој, со трката со времето. На животната средина во Македонија оваа пролет & посветија внимание и преставниците на власта и граѓанските организации. Престедателот Бранко Црвенковски го отвори Паркот на толеранцијата во Скопје, каде што политичарите ќе имаат можност наместо на лов, своите контакти со природата да ги остваруваат преку садење дрвца. Скопје доби 38 дрвца од 34 земји, нови жители на урбаниот град. Им посакуваме добре дојде.
Претставниците, пак, на Работната група за позеленување на изборите, финансирана од холандската фондација Милиеуконтакт оост Еуропа, ги збунија кандидатите во трката за места во локалната власт, на локалните избори. Со својата кампања “Гласај за природата”, го свртеа вниманието на јавноста и потсетија дека покрај политичката моќ и моќта на граѓаните, постои уште една, моќта на природата, којашто има свои закони кои треба да се почитуваат. Во земја во која почитувањето на законите што ги донесуваат луѓето е константен проблем, почитувањето на законите на природата е заборавена страница од древните мудрости на претците.
Будењето на пролетта е процес којшто го поттикнува и будењето на луѓето. Будноста зависи од многу фактори, но и од моќта на волјата. Пролетта е време кога се чистат домовите и дворовите, а за да се дојде до мудроста на природата потребно е да се исчисти и совеста.
Колку навистина ги чуваме дрвцата кои се садат секоја пролет?
Катерина Богоева
|