Одбележан Светскиот ден на крводарителството

Крводарителите заслужуваат бенифиции во здравството

Крводарителите заслужуваат да им се вра­тат одземените бенифиции, како што  бе­ше правото на бесплатно лекување, бесплатни лекови и право на два дена оправдано отсуство од работа. Можеби губење­то на овие права и лошата материјална по­лож­ба на социјално загрозените семејства од дебарскиот крај беа токму при­чи­на­та тие да си ја продаваат својата крв во Албанија.

Оваа  информација прозвучи фрапантно во јавноста, изнесена на одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството 14 јуни, кога во Градскиот парк во Скопје, под мотото “Прославувајќи ја вашата подарена крв” беше одржана крводарителна акција.

“Сега тоа веќе не е случај, бидејќи презедовме мерки и ги информиравме луѓето де­ка со продавање крв не се лекува чо­век. Сега доброволното крводарување до­би пошироки размери и минатата годи­на бевме на четвртото место во земјава по крводарување. Ги анимиравме гра­ѓа­ни­те со личен и семеен пример, а го унапредуваме крводарителството и со изнаоѓање спонзори, преку кои им обезбедуваме скром­ни подароци. Посебно внимание обр­нуваме на младите луѓе, а за пример беа 80 ученици, од гимназијата ‘Здравко Чо­чковски’, кои даруваа крв”, вели Ра­ма­дан Телкиу, општински секретар во Црве­ни­от крст Дебар, кој лично дарувал крв 150 пати. Тој додава дека сега во Цр­ве­ни­от крст Дебар се води прецизна евиденци­ја за сите крводарители, а со соседна Ал­ба­нија е воспоставена соработка, бидејќи таму се чувствува недостиг на крв. Телкиу нагласи и дека  Владата во Македонија не ги мотивира крводарителите и во најско­ро време би требала да го разгледа пра­ша­ње­то за враќање на бенифициите што им сле­дуваат на овие хумани луѓе.           С.К