Канцеларија за контакт помеѓу ЗГ и Собранието на Република Македонија

Место за средба на два важни општествени фактори

Во центарот на Скопје е отворена Канцеларијата за контакт помеѓу Собранието на Република Македо­­нија и граѓанските организации со цел институционализирање на соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации, обезбедување релевантни инфо­р­­мации за двете страни неопходни за отворен и интензивен дијалог преку употреба на различни начини на комуникација, како и поврзување на граѓаните и законодавните тела, во насока на зголемено вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки.

Организирана како сервис за пратени­ците и граѓанските организации, Кан­це­ла­ријата на пратениците им нуди можност да добијат повеќе информации од граѓанските организации  во секојдневните подготовки на пратеничките активности со посебен акцент на законските решенија. И граѓанските организации можат да ги добиваат сите потребни материјали за работата на Собранието  и да доставуваат свои предлози, а Канцеларијата може да послужи како место за состаноци на пратениците и граѓанските организации. Канцеларијата поседува сопствена библиотека каде што секој граѓанин може да ги најде законите донесени во Собранието, законите од соседните земји и земјите на Европската Унија, како и други корисни материјали.

Канцеларијата има и сопствена веб- страница њњњ.канцеларија.орг.мк, каде што се сместени сите материјали од библиотеката,  секојдневните  информации за активностите на Собранието, како и можност за контакт “он лајн”  каде што граѓанскиот сектор би доставувал  предлози за измени и дополнувања на законите. Канцеларијата е технички опремена за да овозможи брз проток на информации, а може да контактирате на 3215-513, 3215-514, 3215-519 и да се информирате на њњњ.цивилоффице.орг.мк, њњњ.право.орг.мк. 

К.Б.