Тетово

УЈИЕ - отворен Центар за човековите права

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, по повод Меѓународниот ден на човековите права, е отворен Центар за човековите права, а наедно се промовирани и интердисциплинарни студии за човековите права. На свеченото отворање, раководителот на Центарот, Беса Арифи, изјави дека во Македонија има прекршување на човековите права во сите сфери од животот.

„Во последно време забележливо е дека има порекршување на човековите права во сите сфери, а посебно кај децата каде се бележи пораст од 15 отсто”,?рече Арифи.

Од Центарот за човековите права најавија дека ќе вршат испитување за почитувањето на правата во повеќе институции, како што се затворите во Тетово и во Идризово во Скопје

 МИА