универзитет на Црна Гора

Студии во Германија

Десет научни институции и фондации од Германија, три од Австрија и две од Швајцарија му понудија соработка на Универзитетот на Црна Гора, а на  неговите студенти, постдипломци, доценти, доктори итн. и стипендии за одделни студиски програми и истражувачки проекти.

Претставникот на Германија во Црна Гора, Патрик Хајнц, соопштил дека неговата држава донела нов закон за миграции, со кој им се овозможува на студентите однадвор да останат и да добијат работа по завршувањето на студиите, што досега се сметало за тежок процес. Се смета дека бројот на такви студенти во 2005 година ќе изнесува сто илјади лица од целиот свет. Најголеми шанси имаат тие кои го зборуваат германскиот јазик.

Г.Ш.