РЕЦ
Иницијативи за одржлив развој
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) - Канцеларија во Македонија, спроведува програма за поддршка на иницијативи кои потекнуваат од здруженија на граѓани, а се однесуваат на областа на одржливиот развој. Програмата се однесува на регионот на Западен Балкан, за иницијативи на национално и на регионално ниво. Програмата ја финансира Канцеларијата за соработка “Еуропе Аид” на Европската комисија.
РЕЦ во моментов ја спроведува втората фаза на циклусот грантови. Во првиот циклус, грантови им беа доделени на здруженијата Вила зора од Велес, Граѓанскиот еколошки форум од Скопје, Граѓанскиот комитет за развој од Пробиштип, Музичка младина од Ресен, Ареал од Струга и ОРТ од Скопје, со вкупна вреност од 44.530 евра.
Целта на оваа програма е да се поттикне одржливиот развој преку локалните традиции, создавање институционални инструменти за одржливи заедници и промовирање алтернативни начини на одржливо живеење.
М.И.
|