луѓе: ВЕРА ЗЛАТЕВА

Во граѓанскиот сектор ја надополнувам и мојата професионална определба

Професионално искуство: Триесет и тригодишно работно ангажирање како книговодителка, и покрај мојата професионална определба - дипломиран социјален работник.

Ангажман во граѓанскиот сектор: Ангажманот во граѓанскиот сектор го започнав уште во осумдесеттите години како активистка во тогашните форми на женското организирање (КОПАЖ). По трансформацијата од 1990 година сум во Организацијата на жените на општина Свети Николе како активистка и претседателка. Преку мојот петнаесетгодишен ангажман во организацијата заедно со останатите членки постигнавне вид­ливи резултати. ОЖО Свети Николе успеа да издејствува интервенција во Законот за здравство и воведување гинеколошки пре­гле­ди за жените. Истовремено, преку работата во граѓанскиот сектор ја надополнувам и мојата професионална определба што немав можност да ја практикувам преку редовното работење.

Амбиции: Место за самозадоволство нема. Континуирана надградба, стекнување нови знаења и искуства преку разни форми.

Хоби и интереси: Заедно со сопругот од хоби почнавме да се занимаваме со пчеларство, кое прерасна во добар семеен бизнис.

Во слободното време чита: Секоја добра книга.

За време на викендите: Викендот го започнувам со утринско кафе со семејството и со­сетките, дел од времето го посветувам на внуката и секогаш ако немам некој посебен ангажман сум во пчеларникот.

Најтешка одлука: Барем досега одлуките не ги делев на тешки или лесни, туку на правилни и неправилно донесени.

Кој национален (локален) проблем го сметате за особено важен: Локален, но многу важен проблем за жителите на мојата општина и за мене е водата за пиење. Во Свети Николе повеќе од две години водата за пиење од водоводната мрежа е забранета за употреба. Оттаму можеби, но и с$ уште доволно неиспитаната прет­поставка за поврзаноста на исправноста на водата за пиење е зголемениот број малигни заболувања во општината Свети Николе.

Кој глобален проблем го сметате за особено важен и зошто: Насилството, тероризмот и воените конфликти како кочница за прогресот.

Што би промениле во Македонија и во Светот: Кога би можела, би ја намалила невработеноста, заради подобра социо-економска состојба на луѓето.

Совет (порака): Животот е само еден , затоа радувајте му се на секој нов ден.