“Нов живот” и “Черења”
Мојата приказна
Здружението за борба против малигни заболувања “Нов живот” и Здружението на Ромите “Черења” од Штип ја издадоа кратката публикација наречена “Мојата приказна”. Публикацијата содржи животни приказни на жени кои се соочиле со ракот на дојката и го победиле. Публикацијата им е наменета на сите жени, на оние кои го поминале ова животно премрежие, но и на здравите. “Борбата е тешка, но има живот и по ракот и тоа е она што треба да се научи”, е основната порака на оваа публикација.
|
|