Сомалија
Конфликт го тресе Могадишу
Две силни експлозии, како едни од многуте, го потресоа Могадишу во текот на септември, при што загинале три лица, а бројот на ранетите цивили во неколку епизоди на насилство останал непознат. Првата експлозија се случила во областа Хауладаг при што вооружено лице фрлило рачна граната на полициска станица, предизвикувајќи реакција кај владините сили, кои отвориле оган на околната толпа. При втората експлозија која се случила во областа Афгои, бомба експлодирала на патот во моментот кога поминувале неколку возила, но за среќа експлозијата не предизвикала жртви.
Убивањата, нападите и борбите помеѓу владините сили и бунтовниците се секојдневие во главниот град на Сомалија. Според една локална група за човекови права, над 129 цивили биле убиени, 217 ранети и најмалку 24 илјади присилно избркани од своите домови во текот на минатиот месец во немирите во Могадишу.
|
|