Во две основни училишта во Велес

Кампањата “Учиме за ЕУ” им ја приближува Унијата на учениците

Кампањата „Учиме за ЕУ”беше реализирана во двете основни училишта во Велес - „Свети Кирил и Методиј” и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот”. Целта ни е ЕУ да им ја приближиме на учениците, истакнаа организаторите Соња Стојадиновиќ од Секретаријатот за европски прашња и Константин Ристевски од Министерството за образование. Преку предавањата, на основците им е прераскажана историјата на ЕУ, зошто е таа создадена, како одат проширувањата и кој е патот за тоа и зошто Македонија сака да влезе во ЕУ. „Бевме изненадени од тоа какви се познавањата на учениците за ЕУ во овие две велешки училишта, со прашањата што ги поставија. Тие наедно одлично одговорија и на сите прашања од миниквизот за ЕУ што за го организиравме нив “, вели Стојадиновиќ. Инаку, оваа кампања продолжува и во наредните две години во сите основни и средни училишта и во универзитетите во Македонија.

МИА